Регулаторна: Бензините поевтинуваат за 6,5 денари, а дизелот за 9 денари

by fokus

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од вечер на полноќ се намалуваат за 6,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за девет денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 83,50 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денари и еден килограм ќе чини 60,914 денари.

Поврзани новости