Стојанче Ангелов потсетува дека еден месец пред вооружениот напад во кумановско Диво Насеље тој предупредил дека се спрема конфликт, но очигледно немало кој да го слушне.
-Предупредување кое можеше да спаси многу животи… Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судир…, напиша Ангелов на фејсбук.
Во 2015 година, на 4 април, Ангелов, на еден од протестите прет МРТВ рече:
-Власта платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, за да предизвика меѓуетнички судир. Тоа се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и да превизикаат меѓуетнички конфикт, а да не обвинат мене и Зоран Заев. Затоа се појави монструозното соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Всушност, некој друг подготвувал такво сценарио,а наредните денови требаше да има ескалација. Нивната намера е да ги уапсат Заев, но немаат храброст да го направат тоа. Можеби Заев грешел во минатото, можеби имаме различни ставови и сфаќања, но тој покажа голема храброст објавувајќи ги политичките бомби, рече Ангелов на собирот пред МРТВ.
Ангелов тогаш додаде и дека Македонија е во поголема економска криза и од конфиктот во 2001-та година.
По еден месец, на 9 и 10 мај се случи вооружениот напад при што загинаа осум припадници на безбедносните служби, а 37 полицајци беа ранети.