478
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.652 тестови, а регистрирани се 115 нови случаи со КОВИД-19 и 99 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително не се регистрирани починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Од вкупниот број на позитивни (115), регистрирани се 23 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.032.020 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 413, на оздравени пациенти е 300 532, на починати е 9 287, а на активни случаи изнесува 594.