113 училишта сакаат да одржуваат настава со физичко присуство

by fokus

Вкупно 113 училишта доставиле барање за одржување настава со физичко присуство до новоформираната владина комисија составена од претставници од образование и од здравство, објави 360 степени.

79 барања стигнале од основните, а 34 се поднесени од средните училишта.

Рокот за поднесување на барањата беше 10 септември, но од Министерството за образование велат дека сѐ уште пристигаат документите испратени по пошта.

Поврзани новости