Вицепремиерот Никола Димитров ја демантира шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, која изјави дека нашата земја има исклучително ниско ниво на усогласеност, под 50%, со заедничката надворешна политика на ЕУ.
-Ова е скандалозна невистина. Нашиот степен на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, според последниот извештај на Европската комисија (октомври 2020) за 2019 изнесува 92%:
“On common foreign and security policy (CFSP), the country aligned – when invited – with 84 out of 91 High Representative declarations on behalf of the EU and Council Decisions, representing an alignment rate of 92% in 2019.”
Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски, истакна Димитров.