Дадена пауза на „Меѓународен сојуз“ за смирување на тензијата по сведочењето на Кухар

by Fokus

Судот даде пауза на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“, со цел смирување на ситуацијата по исказот на сведокот на Јованка Стојановска – Кухар, дека сопругот на обвинетата Кристина Блажевска, ја контактирал во време на судењето за случајот „Рекет“.

– Од кога бев повикана да давам изјава пред обвинител, после некое време кога беше судењето за „Рекет“, ме контактира пријател на Бојан Јовановски, и ми рече дека на Бојан му е жал за што се случило, парите ќе ми ги врати, но само треба да потпишам на бланко лист, рече сведокот Кухар, по што обвинителката Ивана Трајчевска, инсистираше да го каже името на лицето кое ја контактирало.

Лицето беше сопругот на Кристина Блажевска, изјави сведокот Кухар.

На ваквата изјава на Кухар, реагираше обвинетата Блажевска, која ја обвини дека сведочи под притисок, додека обвинетиот Бојан Јовановски рече дека сведокот лаже.

Од овие причини со цел да се смири ситуацијата во судница судијката Софче Ефремова, даде пауза. Препукувањата меѓу обвинетите и обвинителката продолжија и во ходникот на судницата.

Поврзани новости