11 медали за македонските репрезентативци на првиот ден на Балканското првенство во таеквондо

by fokus

На првиот ден од Балканското првенство во таеквондо, кое се одржува во Букурешт, Романија, македонските репрезентативци освоија 11 медали – два златни во сениорска конкуренција, два сребрени во јуниорска и пет бронзи, еден сребрен во кадетска и еден бронза во пионерска, соопштија од Македонската Таеквондо Федерација (МТФ).

– Ова е досега убедливо најуспешниот ден за македонското таеквондо на едно балканско првенство, тоа е сигурниот показател за големиот брз раст на нашето олимписко таеквондо, соопштија од МТФ.

Медали на првиот ден на Балканското првенство освоија:

-Златен медал за Марко Стевиќ со три победи втор пат балкански сениорски шампион

-Златен медал за Коки Георгиевски со две победи (сениори)

-Сребрен медал за Анамарија Георгиевска (сениори)

-Сребрен медал за Елена Трајановска (јуниори)

-Сребрен медал за Фросина Раевска (кадети)

-Бронзен медал за Василија Јовчевски (јуниори)

-Бронзен медал Ивона Давиткова (јуниори)

-Бронзен медал за Милијана Релиќ (јуниори)

-Бронзен медал за Викторија Радомировска (јуниори)

-Бронзен медал за Јана Георгиева (кадети)

-Бронзен медал за Ангеловски Александар (пионери)

-Бронзен медал за Јана Георгиева (кадети).

Поврзани новости