Обвинителството во Италија покрена постапка против Лусио Јорила (64) и го обвинува дека наредил убиство на Џузепе Матарацо (45), кој ја силувал неговата ќерка (15), по што таа извршила самоубиство.
Девојчето се самоубило во јануари 2008 година, околу шест месеци откако Џузепе ја силувал. Тој потоа беше осуден на 11 години за силување на уште едно малолетно девојче.
Но, по нешто повеќе од 9 години излегол од затвор, а пред куќата го убиле Џузепе Масаро (59) и Џенеросо Наста (34), за кои се сомнева дека Лусио им платил околу 20.000 евра за да го извршат убиството.
Џузепе Матарацо беше убиен пред својата куќа во јули 2018 година, еден месец откако беше ослободен од затвор каде што помина девет од 11-те години на кои беше осуден.
Масаро и Наста му пришле на Џузепе, преправајќи се дека го прашуваат за насока, а потоа испукале неколку куршуми кон него.
Масаро и Наста беа осудени на доживотен затвор во 2021 година, а Обвинителството сега покрена постапка против Лусио, кого го обвинуваат дека наредил ликвидација на Матарацо.