„100 отсто, Путин не простува предавство“

by Fokus

Професорот Максим Каменецки од Киевскиот институт за меѓународни односи вели дека е 100 отсто сигурен дека Путин не простува предавство и дека животот на Пригожин е во опасност.

Коментирајќи го извештајот дека претседателот на Русија и основачот на групата Вагнер кој се обидел да изврши државен удар се сретнале во Москва, Каменецки за загрепската телевизија N1 изјави дека случајот е исклучително интересен и ќе биде основа за сценарија за акциони филмови.

„Но, гледаме дека има огромна разлика помеѓу она што го кажува Кремљ и она што всушност е кажано. Минатата недела негираа дека знаат нешто за Пригожин, а сега се појавија информации за средба во Кремљ. Во меѓувреме, Пригожин помина интересен пат , од Минск, Санкт Петербург до Москва. Но, 100 отсто сум сигурен дека Путин не простува предавство. На Пригожин му се одземени влијанието и моќта, а неговиот живот ќе остане во опасност“ – заклучи Каменецки.

Поврзани новости