Кошаркарскиот тим на МЗТ Скопје до крајот на сезоната ќе биде без својот прв тренер Драган Николиќ. Тој заработи суспензија од 10 натпревари поради тоа што влезе на терен и се судри со противнички играч на првиот плеј-оф меч со тимот на Кожув од Гевгелија.
View this post on Instagram
„Поради крајно неспортскиот однос кон противнички кошаркар, тренерот Николиќ се казнува според Пропозициите за натпреварување и според Дисциплинскиот правилник (ДП)“ се вели меѓудругото во одлуката на комесарот за натпреварување, Александар Милојевиќ.
Според пропозициите, Николиќ доби казна од 10 меча и 48.000 денари.
Николиќ има договор со МЗТ Скопје до крајот на сезоната, тоа значи дека тој веќе за последен пат го водеше тимот од Аеродром. Неговото заминување веројатно ќе се случи порано од предвиденото.
Неофицијално, Николиќ ќе добие отказ наредниве денови.
Најверојатно негов наследник ќе биде Васко Атанасов, стратег под чие водство МЗТ славеше на гостувањето против Сплит.