527
МВР информира дека денеска полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители, постапувајќи по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром, дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина.
Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.