10 години БизнисМрежа.мк: Клучни информации за паметни деловни одлуки

by Fokus

Бизнис Мрежа.мк го одбележува својот 10-годишен јубилеј. Една деценија предизвици, неизвесности, успеси…
Денес сме тука – на водечката позиција на пазарот за бонитетни информации воМакедонија.

Бизнис Мрежа.мк го започна своето патување со добра идеја и голем ентузијазам. Секоја со влада на пречка на тој пат е вградена во платформата која сега ги обединува  бонитетните информации на сите регистрирани правни  лица од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора. Се на едно место. Достапно со само еден клик.

На дневна основа Бизнис Мрежа.мк ја користат повеќе од 1.500 компании.
Меѓу нив и големите имиња како Shell, Draxlmaier, EVN, Wurth, Телеком, ХалкБанка, Триглав и многу други.

Во фокусот – иновации и информатичка трансформација

Од самиот почеток иновативноста е во срцето на Бизни сМрежа.мк. Се фокусиравме на обработката и прикажувањето на бонитетните податоци. Се обидовме да го промениме начинот на кој компаниите добиваат информации и носат бизнис одлуки. Преку технолошка трансформација и иновативни решенија бизнисите полесно се адаптираат на брзите промени во економијата. Овозможивмепостојано да се во тек со случувањата, 24/7 да имаат пристап до точни и кредибилни информации.

Клучни моменти:

2014

По две години технолошки развој, кој започна војули 2012, се роди БизнисМрежа – првата и единствена платформа за бонитетни информации за сите регистрирани компании од државата.

2016
Постанавме лидери на пазарот со експоненционален раст на корисници.

2018

Нашиот успех го препозна и го поддржа Фондот за иновации и технолошки развој, а средствата беа употребени за развој на нови модули на Бизнис Мрежа.

2020

Мрежата јапроширивме со Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора, со што на корисниците им овозможивме онлајн пристап до бонитетни информации за повеќе од пет милиони компании одБалканот.

2022

Управителот Огнен Огненоски се стекна со престижната награда 40 under 40 – „Business Elite’s Executive Club” и е избран за еден од 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидер и во Југоисточна Европа (ЈИЕ) под 40 години.

2023

Имплементиравме современи методи во интерното работење, поддржано од Европската банка за обнова и развој.

Со осврт кон почетоците и со поглед кон иднината, генералниот директор Огнен Огненоски истакна:

„Во заднината на се кој успех се постојаноста, фокусираноста, стремежот за совршенство и неодоливата желба за надминување на препреките.

Фактот дека бизнисот не само што преживеа, туку и се развива под разнообразни и честопати предизвикувачки услови на пазаротвопоследните 10 години, е вистински доказ за напорната работа и посветено стана сите членови на тимот на БизнисМрежа – и некогашни и сегашни.

Продолжуваме понатаму, ориентирани кон иновативноста и одлучни да јаводиме ДАТА индустријата со имплементирање на современите технолошки алатки на новата индустриска ера.
И, уштеповеќе да ја зацврстиме нашата репутација на пазарот“.

БизнисМрежавоиднина

Инвестираме во капацитети за развој на вештачка интелегенција, која од Бизнис Мрежа ќе направи интерактивна платформа. Со тоа, корисниците ќе добијат интелигентен бизнис партнер.

Следните активност и се насочени кон зголемување на понудата со две нови држави одБалканот и ќе овозможиме приказна поврзаноста на македонските со компаниите од регионот.

Подготвуваме и проект за развој на старт-ап заедницата во Македонија и во периодот што следи ќе бидат потпомогнат и со бесплатни информации, а со цел носење на памет ни деловни одлуки. Со интенција – преку максимална поддршка за новоо снованите компании да се придонесе за потранспарентна, поздрава и поефикасна економија базирана на брзи и точни информации.

За успехот – благодарност до вработените!

Иако накрај, не се најмалку важни, нашите луѓе, движечката сила на нашиот успех.
Честит јубилеј на сите во тимот на БизнисМрежа и на сите кои придонесоа во нашето 10-годишно патување.

 

Поврзани новости