10.000 евра за најдобрите на ,,Макфест”: Ќе има ли хитови годинава?

by fokus

Фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест” годинава ќе се одржи на 10-ти, 11-ти и 12-ти октомври во НУЦК ,,Ацо Шопов” во Штип. Организаторите информираа дека подготовките за 34-то издание на фестот се во тек, а веќе биле познати и изведувачите.

Росана Сариќ – Тодоровска, Биба Додева, Игор Узунов, Елена Петреска, Александар Ристовски – Принц, Виктор Апостоловски, Барбара, Мартија Станојковиќ и многу други имиња од забавната сцена се дел од учесниците на манифестацијата. Исто така, најавено е учеството на интересно дуо, составено од актерот Драган Спасов – Дац и Александар Митевски.

Музичарите кои ќе ги претстават своите песни пред публиката влегуваат во трка за вредни парични награди. За прво место наградата е 5.000 евра, 3.000 евра за второ место и 1.000 евра за трето. Предвидени се и награди од по 500 евра во повеќе категории, како најдобар дебитант, сценски настап, вокална интерпретација и најдобар аранжман.

Фестивалот финансиски го реализира Општина Штип, а од Министерството за култура е поддржан со милион денари. Уметнички директор е Владимир Дојчиновски – Дојчин.

Вики Клинчарова

Поврзани новости