ЗНМ: Државата мора да спречи насилство врз новинарите

by Fokus

Здружението на новинари на Македонија ги осудува заканите на симпатизерите на Демократската унија за интеграција кон екипата на Телевизијата Шења, кои вчера беа попречени да известуваат за комуналните проблеми во скопската општина Чаир.

Во соопштението ЗНМ ги повикува надлежните институции да ги идентификуваат насилниците и да ги изведат пред лицето на правдата.

– Насилството против новинарите и медиумските работници е неприфатливо и претставува напад врз демократијата. Државата има обврска да обезбеди ефикасен систем на превенција и казнување на насилството врз новинарите. Тоа е основен предуслов за подобрување на состојбата со слободата на говорот – се наведува во соопштението.

Поврзани новости