Жители на Дебарца: Нема да дозволиме да станеме ѓубриште на историјата, со жив штит ќе се браниме

by Fokus

Жителите на општина Дебaрца, една од помалите во земјата, ако треба со жив штит ќе ја бранат незагадената природа, од намерите, таму да се гради регионална депонија.

Во подкараорманското село Годивје, во чија близина е замислено да се гради депонијата, се собраа жители од целата општина, но и од Охрид, Скопје и други градови, меѓу нив и познати личности, како и писателот Трајан Петроски.

Собирот финишираше со избор на Координативно тело кое ќе раководи со активностите против изградба на регионална депонија.

Пред неколку дена реагираа и од СДСМ, кои побараа од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да се промовираат како еколошки месии на Дебрца

– Во врска со предлогот на градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски за референдумско изјаснување на граѓаните на Дебрца за регионалната депонија, како и писмото на пратениците на ВМРО -ДПМНЕ, Трајко Велјаноски, Илија Димоски и Антонијо Милошоски во кое изразуваат наводна загриженост за Дебрца, сакаме да ги потсетиме дека сега е веќе предоцна  да се промовираат во еколошки месии на Дебрца. Ако сакаа тоа да бидат,  пратениците во изминатите 11 години, а градоначалникот во изминатите четири години, со конкретни дела можеа тоа да го направат – се наведуваше во соопштението.

Поврзани новости