Жената која денеска се давеше во Вардар е задржана на психијатрија

by fokus

Жената која попладнево беше спасена од водите на Вардар во центарот на Скопје откако е прегледна, е задржана на Одделот за психијатрија. Во изјава за Фокус, раководителот на Ургентниот центар, доктор Влатко Алексов, вели дека таа е во стабилна состојба.

-Кога ја донесоа веднаш и беше извршен преглед по што беше утврдено дека е во стабила состојба со лесна хипотрермија. По препорака на докторот, таа е задржана на психијатрија за да и се следи состојбата, рече доктор Алексов.

Две лица денеска пред 14 часот денеска успеаја да ја спасат младата жена. При обидот за спасување жената и еден од спасувачите беа заглавени во цевките кои се во реката.

К.С.

 

Поврзани новости