Заврши средбата на државниот врв, Заев вели дека преговорите продолжуваат

by fokus

Оптимист сум дека може да се најде национален консензус прашањето за името, но овој бара одговорност и неопходна е вклученост на сите, изјави премиерот Зоран Заев, по координативната средба на државниот врв и лидерите на најголемите политички партии за новите предлози на медијаторот, Метју Нимиц.

-Овој процес бара инклузивност и посветеност. Со решавање на овој спор кој трае 25 години имаме цел да обезбедиме напрдок и интеграција на на Република Македонија во ЕУ и НАТО и заштита на националните интереси. Ова беше информативна средба за предложените идеи на медијаторот Метју Нимиц. Решение е можно ако има волја и од грчка страна. Ние ќе продолжиме да преговараме – рече Заев во кратка изјава додавајќи дека повеќе детали може да го нарушат преговарачкиот процес.

 

Поврзани новости