Заев во Брисел: Македонија е најдобрата успешна приказна во 2017

by fokus

Македонската Влада и ЕУ вложија огромни напори за повторно враќање на Република Македонија на брзиот пат кон членство во ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев на дебата во Брисел посветена на Македонија потенцирајќи дека резултати има, но и несомена политичка волја.

Македонија, смета тој, треба да биде во новиот пакет за проширување, бидејќи тоа ќе ја стабилизира и ќе отвори перспективи.

-Сега е време да ги искористиме овие напори. Ние продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја. Иако се соочуваме со сериозни предизвици во домашни услови. Имајќи го тоа на ум, апелираме до ЕУ да одговори со визионерски пристап и да обезбеди одлука за отпочнување на преговори за пристапување во првата половина од 2018 година – рече Заев на трибината на тема „Македонија по шарената револуција: Нови можности за успешно пристапување во ЕУ“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, соопшти неговиот Кабинет.

Заев, како што соопшти неговиот Кабинет, потенцирал дека владините политики имаат за цел да ја убедат Европската комисија, како наш партнер и водич за исполнување на македонската стратешка цел да стане членка на ЕУ, дека Република Македонија е најдобрата успешна приказна во 2017 година, и дека како таква, нашата земја може многу да придонесе за добрососедските односи, регионалната соработка, стабилноста и безбедноста на регионот на Западен Балкан и во Европа.

Поврзани новости