Заев од Брисел: Тука сме да ја убедиме ЕК да ги почнеме преговорите

by fokus

Премиерот Зоран Заев е во работна посета на Брисел од каде порача дека таму се да ја убедат Европската комисија да ги почне преговорите со Македонија.

-Дојдовме со аргументи дека се ​​создадени позитивни случувања по долгиот, одложен процес на нашите интеграции во ЕУ. Продолжуваме да даваме резултати со силна посветеност и несомнена политичка волја, во интерес на граѓаните. Тука сме да ја покажеме подготвеноста на Република Македонија и да ја убедиме Европската комисија да донесе одлука за отпочнување на преговори за нашата земја во првата половина од 2018 година, наведува Заев.

Македонскиот премиер, како што е најавено, ќе се сретне со Јункер, Тајани, Могерини и Хан.

Поврзани новости