Заев и Борисов пред посмртните останки на Гоце Делчев

by fokus

Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов и неговиот домаќин, премиерот на Република Македонија, денеска се поклонија и положија цвеќе пред саркофагот на револуционерот Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Со овој гест започнува примената на Договорот за добрососедство кој вчера го потпишаа премиерите, а кој предвидува заедничко чествување на историски настани кои ги слават и двете земји.

Во своето обраќање пред присутните Заев го цитираше мнифестот од АСНОМ – „Каква Македонија ќе изградиме, таква и ќе имаме“, рече тој.

“Има светла иднина за нашата Република Македонија и има иднина за секого во оваа наша убава земја. Историјата и минатото ги ставивме да бидат цврсти темели на коишто почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднинана РМ која што води до квалитетен живот. Подадовме рака и раце се испружија кон нас. Бугарија ја покажа истата одговорност за заедничките цели“, порача Заев.

Со ова завршува посетата на бугарската државна делегација во Македонија во рамки на која беше потпишан Договорот за добрососедство, пријателство и соработка.

 

Поврзани новости