Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудио-снимки, во кои може да се слушне како премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска договараат како шефот на владата да си купп луксузен мерцедес S-класа, кој чини околу 600.ооо евра.
Според објавените телефонски разговори, Груевски и Јанкулоска се договараат како целата работа да се заврши преку Министерството за внатрешни работи, божем дека самото министерство има потреба од таков луксузен автомобил. Според описот, таков мерцедес не се продал во цела Југоисточна Европа, а во него имало масажери, екран и целиот луксуз, што некој би посакал да ги има.
Јанкулоска во телефонски разговор со Мијалков, со воодушевување му објаснува каков е мерцедесот и дека досега не видела ништо поубаво. Но, затоа морале да внимаваат кај се вози Груевски со овој мерцедес, за да не го видат новинарите, па после да се пишува на таа тема.