ВМРО-ДПМНЕ: За неполни три месеци волшебниците на Заев направиле да нема стотици милиони евра

by Fokus

Време е Владата на СДС да собере сили и да признае каде одат народните пари. Владата на СДС треба да одговори на граѓаните зошто нивните пари секојдневно испаруваат и исчезнуваат, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– За неполни 3 месеци волшебниците на Заев успеале да направат да снема стотици милиони евра, пари на граѓаните од девизните резерви и од издадените хартии од вредност. Секоја недела без објаснување министерот за задолжување распишува аукции за државни хартии од вредност, а бенефит од тоа граѓаните не чувствуваат. Лакомите и неспособни функционери на СДС досега стопија околу 334 милиони евра по основ на повлечени пари од девизните резерви и задолжувања од издадени државни хартии од вредност – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости