415
Владата на СДС и градоначалниците не презедоа ништо за да ги заштитат граѓаните од загадениот воздух, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата на СДС ветуваше чист воздух, а граѓаните секојдневно се трујат со воздух позагаден од кога било. Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање, регистрираат се повисоки концентрации на ПМ10 честичките. СДС во програмата за Град Скопје на страна 2, вети „Здрава животна средина за сите – преземаме итни мерки за да обезбедиме чиста вода и чист воздух“, а Шилегов и Богоев ги стартуваа мандатите со сечење на дрва низ градот – се наведува во партиското соопштение.