ВМРО-ДПМНЕ: СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави, за да ги поткрепи монтираните случаи против ДПМНЕ

by Fokus

„СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДСМ. Сите отворени случаи од страна на СЈО како Таргет, Тврдина, Триста, Титаник, Траекторија, Тенк, ТНТ, Транспортер, Тендери и останатите се во целост политички конструкции кои немаат допирна точка со правото, реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Обвиненијата за овие отворени случаи се без никакви докази, се со цел да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС. СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави со цел да ги поткрепи монтираните случаи. Таму каде што не можеше да поткупи, СЈО се служеше со заплашување и закани врз лицата за да потврдат нешто што не се случило никогаш. СЈО имаше и има само една единствена задача, а тоа е да истражува и обвинува за непостоечки случаи, кои ги измислуваше Зоран Заев“ изјави денеска Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости