ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брка странските инвеститори за своите тајкуни

Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека Владата на СДСМ ги бркала странските инвеститори за корист да имаат „незјините тајкуни“.

-Новата влада во паника од економскиот колапс денес излезе со апсолутно неточни информации во делот на странските инвестиции. Веселата Математиката според Рашковски е применета при пресметките. СДС нема концепт за странски инвестиции и апсолутно никакво познавање на проблематиката ниту регулативата што се занимава со странски инвестиции. На денешниот прес СДС сами се демантираат! Вкупната помош на сите странски компании во Македонија изнесува 25 милиони евра за над 20 компании за 10 години во зоните и исто толку надвор од зоните. 25 Милиони Евра за креирање над 25 илјади работни места плус огромна бројка на индиректни вработувања. СДС и владата не се способни да пресметаат државна помош, па во веселата математика се ставени и платите на генералниот секретаријат, ставени се средствата за градба на индустриски зони, технолошки зони и да биде апсурдот поголем најголема ставка е ДДВ кој според закон е повратен, СДС пресметува ДДВ по формулата на Тевдовски. Ако пресметаме бенефитот според формулата на СДС тогаш само една компанија во Македонија лоцирана во ТИРЗ 1 ќе има 30% опфат од целокупната економијата, објаснуваше Делев.

Тој додаде дека бркањето на странските инвеститори само ќе им користело на тајкуните на СДСМ, а бркањето на странските инвеститори ќе ја намали просечната плата и дека оваа погубна политика на СДСМ мора да престане, бидејќи доколку продолжи вака Македонија ја чека економски колапс.