ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, а СДС си тераат одмори

by Fokus

Македонија гори, а СДС со око не трепнува. Си тераат одмори, а од лежалка, под чадор, проблемите и стравот на граѓаните изгледаат помали од зрно песок на морските плажи, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС не го интересира тоа што горат илјадници кубни метри шума. Не го интересира што горат куќи и имот кои граѓаните со пот ги заработиле. Не го интересира тоа што се загрозени села и манастири. СДС го интересира само реализирање на антидржавната агенда и летната забава. Затоа граѓаните сами се борат со огнените стихии, а самоорганизираните доброволци се единствената надеж во спречување на катастрофалните последици. Владата на СДС ја нема на терен- се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека министерот за земјоделие мистериозно го снема од земјава покажувајќи целосна негрижа за шумите.

– Министерот за внатрешни работи се посвети на целосна партизација па новопоставените послушници не може да откријат и санкционираат сторители на ниту еден случај на подметнат пожар. Земјата гори. Десетици пожари се активни, а не е откриен ниту еден сторител. СДС свесно испраќа порака дека секое однесување кое е на штета на граѓаните, кое го доведува во опасност нивниот живот, здравјето и имотот, може да мине неказнето – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости