ВМРО-ДПМНЕ: Криминалците што ги амнестираше СДСМ веднаш почнаа да пустошат низ улиците

by Фокус

Криминалците кои ги ослободи СДСМ со амнестијата пустошат по улиците на Скопје, обвини Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Скопје криминалот завладеа на улиците. Граѓаните секојдневно се жртви на насилници, дилери, ограбувачи и криминалци. Црната хроника во медиумите сѐ повеќе се полни со случаи каде граѓаните се малтретирани и ограбувани од криминалците што ги ослободи владата на СДСМ. Како резултат на амнестијата која ја спроведе владата на СДСМ и Зоран Заев околу 1.000 криминалци беа пуштени на улица. Граѓаните на своја кожа веќе ги чувствуваат последиците од оваа катастрофална одлука – рече Нацев.

Тој посочи дека само три часа му биле потребни од пуштање од затвор до ново разбојништво на 21 годишно лице со прекар Оревче, кој, според него, бил затекнат од сопственикот на куќата која што ја ограбувал, кого физички го нападнал и го претепал.

-Сличен е случајот и со 37-годишно лице кое во Идризово долги години издржувал казна затвор за повеќе кривични дела, како кражби, тешки кражби, разбојништво, кражба на возило и дрога. Уапсен бил од страна на полицијата во населбата Ново Лисиче, каде што извршил дрска кражба а се обидел да изврши и разбојништво. Колку кривични дела од областа на насилниот криминал и имотните деликти се случиле изминативе неколку недели на подрачјето на Град Скопје, како и колку од нив се расчитени, а колку не се? – праша Нацев.

Поврзани новости