Владата заседавала синоќа до два часот по полноќ, кадровски промени нема

by fokus

Владината седница која почна вчера во 17.00 часот траела до два по полноќ, информираат владините служби. И покрај тоа не е донесена одлука за кадровски промени затоа што било потребно усогласување.

Агендата беше надополнета со итна точка за пожарот во Требовле кој се закануваше да ги зафати куќите. Портпаролот Миле Бошњаковски изјави дека пожарот во 20 часот се уште бил активен во Лутовец и во правец на Сува гора и оти се ширел во атарот на селото Здуње. Во совладувањето на огнената сихија била ангажирана и Армијата на Македонија.

 

Поврзани новости