Виктор Мизо и Цветко Грозданов поднесоа оставки, именувани и нови членови на Надзорен одбор

by Fokus

На вчерашната владина седница донесени се и повеќе кадровски решенија, така што прифатени се оставките на Виктор Мизо, директор на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен простор и деловен простор.

– Разрешени се Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка Служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој на образованието, Костадин Богданов од должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда, на негово барање. За вршител на должноста директор – владин агент на Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, орган во состав на Министерство за правда  на предлог на министерот за правда, е именувана Драгица Џонова – се наведува во соопштението од владата.

– За директорка на ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, избрана д-р Елена Јованова-Грујовска, научен советник.

– За членови на НО на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје, именувани се Никола Поповски, Веланд Рамадани и Кирил Колемишевски и Софче Јовановска, согласно член 17 став 4 од Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, а по добиена согласност од гувернерот на Народна банка на Република Македонија – продолжува понатаму во соопштението.

Поврзани новости