1149

by fokus

ПОРАЗОТ НА ГРУЕВИЗМОТ Е ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА
Се шашардисав од честитката на Иванов за 11 Октомври. Ни порача, замислете, да се бориме за слободата и за правдата! Па, што правевме ние сиве овие години!? Се боревме за слобода и за правда, ако не укапирал.. А за што се бореше сето ова време Иванов!?

СЈО ГО УЛОВИ ВЛАДИМИР ПАНЧЕВСКИ
Пред една недела обвинители на СЈО влегоа и извршија претрес во канцеларијата на поранешниот претседател Владимир Панчевски. Допрва ќе биде познато дали Панчевски се огрешил пред законот, но она што со сигурност се наѕира е дека бродот, кој почнува да тоне, го напуштаат сите

ПЕТРЕ ШИЛЕГОВ: ДА ГИ ОСЛОБОДИМЕ СКОПЈЕ И МАКЕДОНИЈА ОД ГРУЕВИЗМОТ!
Жестокиот борец против режимот, Петре Шилегов во интервју за „Фокус“ говори за своите мотиви за градоначалничката кандидатура, за коалицијата со ДУИ и сојузот со граѓаните и за својата нова визија за Скопје порачувајќи дека Скопје нема да биде ниту вмровски ниту сдсмовски град, туку на граѓаните

КРИМИНАЛНА ШЕМА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ
Организирана група фирми и државни службеници биле впрегнати во криминална шема за да се злоупотребат земјоделските субвенции. Долгогодишната и просперитетна фирма „Агро Лозар“, за која „Фокус“ пишуваше пред две години, мораше да замине во стечај, за други фирми да добиваат субвенции преку нејзините лозови насади

ХОНОРАРИ ЗА РЕЖИМСКИТЕ УМЕТНИЦИ
Меѓу оние кои добивале дебели хонорари од Драмскиот театар изминативе години е режисерот Љубиша Георгиевски, ревносен борец против „предавниците“, кој за три претстави наплатил околу 30.000 евра. Но во истите претстави ангажман добила и неговата ќерка, Мери, која била задолжена за сценографијата и костимографијата

ЕДНИТЕ РАСПАШАНИ, ДРУГИТЕ ОПАШАНИ
Нашите политички елити се разуздани до бесвест и локалните избори ќе бидат последната шанса да бидат зауздани повторно од граѓаните. Или, со други зборови, нашите политички елити се одамна ептен распашани и крајно време е некој да ги опаша. Тоа може да го направи само народот, само на изборите

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Прилично сум убеден дека победата на коалицијата на СДСМ ќе биде доволно изразена за на Груевски да му завршат и старата и новата ера. Поразот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги одврзе рацете на победникот и тој може да се размавта малку повеќе охрабрен од таа нова состојба

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Има премногу материјални докази за криминалот на судиите. Не случајно дел од нив своите пресуди во Штип ги оправдуваа со одговорот – „така кажа Стојанче“. А Стојанче правеше така како што ќе му кажеше бате Саше. Но, сега го нема „бате Саше“, кој му гарантираше недопирливост и неодговорност

Ана ПАНОВСКА
По сè што му беше направено на Скопје во негово време, Коце не треба ни да се појави на улица пред скопјани, а камоли да седне повторно во градоначалничката фотелја. Но тој влезе во кампања за трет мандат. И, внимавај! Во политичкото рекламирање никаде го нема „СК 2014“!

Ерол РИЗАОВ
Времето во Македонија во иднина ќе се есапи на три периоди пред, за време, и по падот на режимот на Груевски. Во цела, Македонија, пак, новата ера која ќе остане уште долго запаметена почна на 11 декември 2016 година кога мнозинството граѓани ја прекинаа старата ера на „груевизмот“

Денко МАЛЕСКИ
Наредните години можат да бидат години на демократски реформи, но и години на искушение. На искушението на сите досегашни власти: да се реформира или да се контролира власта на стариот начин? И на искушението на сите досегашни опозиции: да се соработува или да се бојкотира

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во старата ера ограбуваа, а во новата божем сакале да ги реализираат ветените проекти. Ербапи, нема збор. Нека одат во било која ера, џенем нека фатат, тие веќе не се фактор. Беа само една несреќна епизода од историските грешки во мафијашкиот превод кон самостојна држава