1148

by fokus

ПАДОТ НА „МОНСТРУМ“ НЕ Е ДОВОЛЕН ДА ГО ПОГРЕБЕ „СВАРОВСКИ“ СУДСТВОТО
Не е доволно само Албанците, во случаите кои се за нив важни, да стигнат до правдата. Фамилијарното судство ќе покаже дека колабира тогаш кога ќе има притвори за првите луѓе на Фамилијата, а не за Едмонд Темелко, кога судиите ќе почнат да ги прифаќаат „бомбите“ како докази, кога ќе паднат пресудите или пак кога ќе се обноват судењата за монтираните судски процеси…

ПРЕСВРТ ВО „МОНСТРУМ“
Шестмината обвинети на доживотен затвор за убиството кај Смиљковци добија надеж дека е можно да излезат на слобода, откако обвинителката побара од Врховниот суд да го врати случајот на почеток. Официјално, одбраната била во право оти доказите се климави, но неофицијално, се наѕира вистинскиот мотив за убиството, а се лоцира и нарачателот!

ИЗБОРИ ЗА ПРЕВЛАСТ
Претстојните локални избори ќе бидат пресудни ќе расчистат многу недоумици во албанскиот политички блок: дали ДУИ ќе ја задржи неприкосновената позиција во албанскиот кампус, дали БЕСА сериозно ќе ја загрози или евентуално ќе ја престигне ДУИ, дали Алијансата за Албанците ќе влезе во „големата четворка“ на сметка на БЕСА?

СУДСТВОТО Е ЖРТВА НА МИХАЈЛО И ФИЛИМЕНА МАНЕВСКИ
Професор доктор Владо Димов беше министер за здравство само 18 месеци, но цели десет години потоа е мета на судски прогон. Го обвинија затоа што дал одобрение за 17 вработувања, но му беше блокиран и имотот поради неплатен персонален данок. Повод за интервјуто со Димов е што по една деценија, обата процеси завршија во негова полза

ЈАТРОГЕНА ПОЛИТИКА
Луѓето кои едвај го преживеаја груевизмот, којзнае дали ќе имаат шанси со некоја болештина уште поакутна од веќе прилично акутниот груевизам. Ако замената на Љубчо со Грујо беше замена на грип со туберкулоза, тогаш замената на Груевски со „наследникот на Грујо“ би било замена на туберкулозата со ебола!

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Коце го зедов „на нишан“, поради тоа што е градоначалник на Скопје во два мандата и што бара трет мандат. Но, исто така, поради тоа што мислам оти тој долго време е убеден дека добро ја врши функцијата и прави добри работи. Фактички самиот се втурна во небрано и понатаму ќе загазува уште повеќе во неизвесности и евентуално и во криминал

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Не е способен НГ да го одржува кадровското и функционалното единство на партијата, колку што е неспособно партиското членство од сите ешалони да преземе решавачки и промислени активности за спас на партијата. Или, како што би рекол народот, не е итра лисицата, туку е глупава кокошката!

Ана ПАНОВСКА
Зошто шест жени, секретарки од УБК да си го окркаат, а оние двајцана колобани, што ја издале наредбата и што заедно со главниот шеф ја осмислиле и ја извеле целата операција на уништување на документацијата и опремата од МВР, да си ја дувнат и да си шетаат некаде по белиов свет гостејќи се со парите од богатата партиска сметка на ВМРО-ДПМНЕ?

Ерол РИЗАОВ
За една минута заокружување со пенкалото им даваме речиси на невидено на разни непознаници, шарлатани и апаши голема плата и неограничена власт со години да арчат наши пари и да распродаваат наш имот, да нѐ задолжуваат, да нѐ есапат како нивна хипотека ставајќи нѐ во залог и нас и нашите деца и поколенија

Денко МАЛЕСКИ
Ноторно е дека за добар компромис се преговара долго, напорно и посветено. За такво нешто, времето истече, го потрошивме, знаеме како. Зборот ми е, она што го направивме со Бугарија и што ќе го повториме со Грција се прави само од нужда и во временски теснец во кој, патем речено, самите се доведовме

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Фотошопот на полициско-судските местенки го сочинуваше социопатската групировка на чело со Пастирот, Големиот братучед, Шупраиш, Копилето, Мистер Ендек и други скотови од кафилеријата на Организацијата, кои доследно ја прилагодија пораката на нивниот идол Ќосето: „Некаде со добро, а некаде со нож“