Вардар лошо почна во Лига Европа, загуби 0-5 од Зенит

by fokus

Македонскиот шамион Вардар нема по добро да го памети своето деби во групната фаза од Лига Европа. Вечерва на домашен терен беше поразен од руски Зенит со резултат 0-5.

Со три гола во првото полувреме, тимот на Роберто Манчини го реши натпреварот и даде до знак дека нема да му биде лесно на Вардар во Лига Европа, а со уште два гола во вториот дел на Ивановиќ и нововлезениот Ригони само го потврди триумфот.

Во наредното коло Вардар гостува кај Розенборг во Норвешка. Тој натпревар се игра на 28 септември.

ФОТО: gol.mk

Поврзани новости