Колкава излезност е потребна за успешни избори?

by Фокус

За да биде избран градоначалник во првиот изборен круг, на гласање мора да излезат барем една третина од запишаните избирачи, како и за кандидатот за градоначалник да гласаат повеќе од половина од оние кои излегле на избори.

Како што пропишува членот 132 од Изборниот законик, доколку на гласање не излезат најмалку една третина од гласачите, ќе се спроведе втор круг за избор на градоначалник за 14 дена.

Во општините каде ќе се оддржи втор круг, пак, за градоначалник за две седмици ќе биде избран кандидатот што добил поголем број на гласовите, независно од излезноста.

Поврзани новости