УПОЗ бара оставка од Караџовски

Синдикатот на УПОЗ денеска побара неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски. Синдикатот бара оставка поради лошата финансиска состојба во која се наоѓаат вработените во судовите.

Според УПОЗ, за тоа еден од главните виновници е токму Караџовски.

-Караџовски го сметаме за главен виновник затоа што двапати по 40 проценти кои минатата година ни беа задржани, беа на сметка на судовите до 31 декември 2016 година и можеше многу едноставно со негово одобрение овие пари да ни бидат вратат назад, рече потпретседателката на Синдикатот на УПОЗ, Верица Тасева на денешната прес-конференција.