Уапсени 13 судии во Скопје

by Фокус

Во полициска акција денеска се уапсени 25 лица, од кои 13 судии, сите вработени во скопскиот Основен суд 1, под сомнение дека сториле злоупотреба на службената должност, со што според првичните информации го оштетиле државниот буџет за 68.000.000 денари.

Во соопштението од Основното јавно обвинителство се наведува дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против осомничените, бидејќи во 2010 година им биле доставени предмети, барања за поведување на прекршочна постапка, кои биле земени во работа во текот на 2012 и 2013 година. По предметите биле донесени пресуди со определени парични казни, а не биле доставени на извршување.

 

Поврзани новости