615
Недоволна информираност на граѓанките и граѓаните за референдумското прашање и за процедурите на спроведување на Референдумот, помали пропусти во работата на Избирачките одбори, како и проблеми со Избирачкиот список, се дел од забелешките на набљудувачите на ЦИВИЛ денешниот референдум во Гевгелија за (не)отварање на рудници со злато во општината.
Од ОИК Гевгелија известија дека излезноста до 13 часот е околу 40 отсто, а според неофицијални податоци од набљудувачите на Цивил, излезноста на повеќе избирачки места во Гевгелија до 17 часот надминала 50 отсто од регистрираните гласачи во општината.
Право на изјаснување на референдумот имаат нешто повеќе од 19.000 жители на Општина Гевгелија, на 37 избирачки места.