Деветнаесетгодишна девојка од Матејче сама се породила во домашниот тоалет и бебето го убила, откако го ставила во кофа и го фрлила во реката во близина на нејзината куќа.
Чедоморството е откриено во кумановската болница, каде девојката завршила поради обилни крварења по породувањето. Наводно, ниту нејзините родители не знаеле дека е бремена.
При преглед докторот утврдил дека девојката се породила во последните 24 часа. Случајот бил пријавен во Кумановската полиција при што бебето било пронајдено во реката.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против девојката, а според македонскиот Кривичен закон, за чедоморство предвидена е казна затвор од три месеци до три години.
Сличен ваков случај имаше пред два месеци во Скопје, кога апсолвентка се породи во тоалетот на граничниот премин Табановце, а бебето го фрли в канта и продолжи на ексурзија во Прага.