Талевски набрзо ќе седне на обвинителна клупа, ќе му суди „сваровски“ судијката Лидија Петровска

by fokus

Битолскиот градоначалник Владимир Tалевски наскоро ќе седне на обвинителна клупа, бидејќи Советот за оцена на обвинителниот акт, на Кривичниот суд, го одобри обвинението на СЈО за случајот „Транспортер“, по што треба да стартува судскиот случај.

-Советот кој постапуваше по обвинителниот акт поднесен од страна на Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО) против 21 лице за предметот во јавноста познат како „Транспортер“, по добивање и разгледување на приговорите на странките во постапката во однос на обвинението, како и ценејќи ги фактите врз кои е заснован актот, донесе одлука со која го одобри обвинителниот акт, се наведува во соопштението на кривичниот суд.

Оттаму додаваат дека обвинителниот акт, согласно АКМИС – електронскиот систем, е распореден на судија Лидија Петровска, додавајќи дека дополнително ќе биде одреден терминот за главната расправа.

Судијката Лидија Петровска сe споменува во бомбите, односно во разговорот помеѓу судијката Сафија Лаличиќ и ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, во кој се тврди дека Петровска местото го добила со купување подароци од брендот „сваровски“ за претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова. Набрзо по објавување на „бомбата“, Неделкова тврдеше дека таа не добивала подароци од никого, најмалку Сваровски кристали, велејќи „повеќе сум љубител на бисери, отколку на Сваровски“.

Во предметот освен градоначалникот Талески осомничени се уште 20 вработени во општината, директори на училишта од Битола и газди на фирми, кои се сомничат дека преку коруптивни тендери со школскиот превоз проневериле 360.000 евра народни пари.

Поврзани новости