Столтенберг на средби со Димитров, Заев, Шеќеринска, Џафери и Иванов

by Fokus

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој вчеравечер пристигна во Македонија денеска ги започнува политичките средби.

Првата средба на Столтенберг е со министерот за надворешни работи Никола Димитров, по што оди во резиденцијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а во 10.30 часот ќе го посети Министерството за одбрана на средба со министерката Радмила Шеќеринска.

По средбата со Шеќеринска, Столтенберг ќе се сретне со собранискиот спикер Талат Џафери, по што ќе следат одвоени средби во Законодавниот дом и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, па со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Тој ќе се обрати пред пратениците во Собранието, каде е најавено присуство и на пратениците од опозицијата, кои долго време ја бојкотираат работата на Парламентот.

Во 15 часот, Генералниот секретар на НАТО ќе биде пречекан во Владата со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи средба со премиерот Зоран Заев па заедничка прес-конференција на двајцата.

 

Поврзани новости