Спиро Ристовски: Не сум сопственик на никаков имот во близина на гаражата во Тафталиџе, ако продолжат невистините, ќе тужам

by Fokus

Откако семејството Петковски обвини дека Спиро Ристовски е сопственик на имот во близина на гаражата во Тафталиџе, неговите адвокати излегоа со демант, тврдејќи дека тој не е сопственик на никаков имот.

–  Спиро Ристовски нема никаков правен интерес или својство што би го поврзувало во постапката за уривање на гаражата – соопштија неговите адвокати.

Тие го повикуваат семејството Петковски да престане со какви било изјави наменети за пренесување преку медиумите со кои го поврзува Ристовски со предметната гаража, во спротивно ќе преземат правни дејствија.

Поврзани новости