949
Група граѓани и повеќе граѓански здруженија со анти-НАТО транспаренти протестираат пред Собранието, поради посетата на Македонија на Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Меѓу демонстрантите се членови на партијата Левица, како и поранешната пратеничка Солза Грчева.
Грчева претходно повика на протест преку Фејсбук со пораката „да кажеме дека имаме едно име – Република Македонија“.
Протестот е обезбедуван од полициски службеници, чиј број се зголеми откако една бандера од уличното осветлување падна од силниот ветар на улицата пред Собрание.
На транспарентите на демонстрантите пишува: „Против војна за профити“, „Во НАТО ниту под уставно име“.