Содржината на Договорот со Бугарија останува таен за јавноста

by fokus

Премиерот Зоран Заев на затворена седница на собраниската комисија за надворешна политика, на која присуствуваат и претседателот на собранието Талат Џафери и координаторите на пратеничките групи и претседатели на соодветни комисии, денска го презентираше нацрт-договорот за добрососедство на Македонија со Бугарија.

Поранешни пратеници објаснуваат дека вообичаена практика е собраниските седници да бидат јавни. Сепак, деловникот за работа на собранието дозволува за одредени прашања за кои со двотретинско мнозинство ќе се одлучи, јавноста да може да се исклучи од присуство во собранието, а тоа подразбира исклучување на присуството на медиумите, објаснува поранешниот пратеник Насер Зибери за Радио Слободна Европа.

На почетокот на седницата беше постигнат договор меѓу премиерот и пратениците од владејачкото мнозинство како и пратениците од опозицијата по затворањето на седницата премиерот да го образложи нацрт-договорот и пратениците да имаат увид во него.

 

Поврзани новости