685
Членовите на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го одобри барањето на Кривичниот суд за притвор на шестмина пратеници осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок на 27 април, меѓу кои се Јохан Тарчуловски, Крсто Муковски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски.
Комисијата ја донесе оваа одлука едногласно, со гласањето на 5 членови, додека останатите членови на комисијата од редовите на ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Следно, извештајот треба да го разгледува собранието на пленарна седница, по што дефинитивно ќе се знае дали споменатите пратеници ќе завршат во притвор.
М.В.