Собранието утре ќе одлучува за разрешувањето на Зврлевски

by fokus

Точката за разрешување на републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, ќе се најде на дневниот ред на утрешната собраниска седница. Оваа информација ја потврдија од кабинетот на претседателот на Собранието за А1он.

Претседателот на Собрание, Талат Џафери кој е во посета на Црна Гора изјави дека сите документи се уредно доставени. Седницата беше закажана за во понеделник, но беше одложена за во среда поради патувањето на Џафери.

Собранието пред две недели го прими предлогот од Владата за разрешување на Зврлевски во кој како причина беа наведени незаконито, ненавремено и недоволно стручно извршување на функцијата.

Поврзани новости