Собранието го објави предлогот за разрешување на Зврлевски: Незаконито и недоволно стручно ја извршувал работата

by fokus

Собранието го прими предлогот од Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, а денеска предлогот го објави на својата веб страница. Во документот стои дека се бара разрешување на Зврлевски, поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно извршување на функцијата.

-Со своето однесување и дејствување Зврлевски покажа оти не е способен за извршување на функцијата, а се бара негово разрешување и поради неподнесување на барање за покренување на кривична постапка за случаи предвидени со закон и за нарушување на угледот на функцијата, стои во предлогот.

Претходно, за разрешување на Зврлевски зелено светло даде и Советот на јавни обвинители.

Поврзани новости