СЈО бара притвор и за Мијалков, Канческа-Милевска, Пешевски и Трајковски

by fokus

СЈО притвор бара и за Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, Елизабета Канческа Милевска, поранешна министерка за култура и за Владимир Пешевски, поранешен вицепремиер. СЈО бара притвор и за Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Два дена пред истекувањето на рокот за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети. Обвинети се 94 физички и 7 правни лица. Случаите „Таргет“ и „Тврдина“ се обединети во еден предмет, а случаите „Тврдина 2“, „Транспортер“ и Насилство во општина Центар веќе се во судска постапка.

 

Поврзани новости