Некогашна улица Мексичка го добила своето име како благодарност до Мексико за дадените донациии по катастрофалниот земјотрес кој го разурна Скопје во 1963та година. Со тие донации било изградено и детското игралиште на оваа улица, но нејзиното име беше променето од градската управа на сегашниот градоначалник, Коце Трајановски, и го доби името „Петре Пирузе“.
Ова покрена асоцијација кај кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов, кој ветува дека ќе му го врати на Скопје епитот „град на солидарноса.
„Како кандидат за градоначалник на Скопје, но и како човек, изразувам длабоко жалење за настраданите жртви во земјотресот во Мексико. Во 2012 граѓаните на Тафталиџе и јас како жител баш на таа улица, протестирав против промена на името на улицата Мексичка како израз на почит и благодарност за укажаната солидарност по скопскиот земјотрес во 1963.Како иден градоначалник ветувам дека градот Скопје повторно ќе биде град на солидарноста“, пишува Шилегов на својот фејсбук профил.