Шајноски: Обезбедувањето не исфрли, но ние продолжуваме штрајк со глад

by Fokus

Обезбедувањето по наредба на Ректорската управа ги избркала тројцата професори Крсте ШајноскиМаргарита Матлиеска и Александар Костадиновски од просториите на Економскиот факултет при штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ откако денеска во 16 и 30 часот го почнаа штрајкот со глад, бидејќи како што тврдат, незаконски се избркани од работа. Но, тврдат дека тоа нема да ги спречи да го продолжат штрајкот.

– Од просториите на факултетот не избрка обезбедувањето на Ректорската управа. Од просториите не исфрлија шесторица на чело со шефот на обезбедувањето. Сега седиме на скалите пред факултетот и чекаме од синдикатот да ни обезбедат просторија каде да го продолжиме штрајкот. Ректорот не не регистрира. Сигурно сме избркани од тука по негова наредба. Но, нема да дозволиме ова да помине вака. Ние ќе продолжиме со штрајкот се додека не се исполнат нашите барања – тврди професорот Крсте Шајноски.

Поврзани новости