Се запалил автобус во центарот на Скопје

by Fokus

Во 14 часот во Скопје на улицата „Димитрије Чуповски“ бб, кај постојката на “Рекорд“, се запалил автобус кој сообраќал на линија со број 23, информираа од МВР.

Според полицијата, автобусот бил управуван од страна на 51-годишниот Ѓ.Ѓ. од Скопје. Пожарот настанал во пределот на моторот. Повредени патници нема.

Од страна на екипа од Бригада за противпожарна заштита, пожарот бил изгаснат.

 

Поврзани новости