Се уште под клуч три одделенија во Градската болница „8 септември“

by Fokus

Се уште се затворени три одделенија во Градската болница „8 Септември“ поради недостиг на медицински сестри, но во моментот се прават сите напори тој проблем конечно да се реши, истакна во изјава за „Фокус“, доктор Сашо Стојчев, директор на болницата.

– Во преговори сме со министерството за здравство сега да се примаат 30 нови медицински сестри и подоцна уште 60 за кои претходно пропадна договорот. Затворено е едно хируршко одделение, интернистично и кожно заедно со инфективното одделение. Се надеваме дека во најскоро време проблемот ќе се реши – тврди Стојчев.

Поврзани новости